Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини е во големи проблеми пред мечот в недела со Челси во рамките од ФА Купот.
„Граѓаните“ имаат многу повредени играчи, а дополнителен проблем е натпреварот со Динамо Киев кој в среда ги очекува во Лигата на Шампиони.
– На располагање имам само 13 здрави фудбалери за мечот со Челси. Без разлика на се, јас в недела ќе го извадам најјакиот состав бидејќи наша задача е да победуваме на секој натпревар. Секогаш во секое натпреварување пробуваме да ја завршиме работата најдобро што можеме. Секој турнир е важен, секој меч е битен, но овој пат предност му даваме на Лигата на Шампиони. – рече Пелегрини.
Дерби средбата во петтата рунда од ФА купот се игра в недела во 17 часот на Стемфорд Бриџ.
OhridNews











