Навивачите и играчите на Арсенал му приредија фантастично збогување на Арсен Венгер од Емирати победувајќи го Барнли со убедливи 5-0 во последниот меч за „топчиите“ на домашен терен сезонава. Францускиот стручњак после завршувањето на оваа сезона ќе замине од клубот, каде се задржа цели 22 сезони.

Збогувањето со публиката и сегашните и поранешните играчи траеше повеќе од половина час после завршување на мечот со Барнли кој Арсенал го доби со 5-0. На теренот се појави дел од „непобедливата“ екипа која без пораз стигна до титулата во Премиер лигата.

Манчестер Сити на една рунда пред крајот крунисан беше во нов шампион. „Граѓаните“ стигнаа до петтата титула во историјата, но сепак далеку се од големото друштво кои години наназад освојуваа трофеи.

Резултати: Мен Сити – Хадерсфилд 0-0, Арсенал – Барнли 5-0, Челси – Ливерпул 1-0.

OhridNews