Манчестер Сити и Барселона влегуваат во финални преговори за ангажманот на чилеанскиот чувар на мрежата Клаудио Браво.


33-годишниот голман ќе биде замена за Џо Харт кој најверојатно ќе замине од клубот по недорзбирањата со Пеп Гвардиола.

Браво во Барселона се пресели во 2014 година од тимот на Реал Сосиедад по одличните перформанси за репрезентацијата на Чиле на Мундијалот во Бразил.

Харт кој во 2006 од Шревзбери го засили Манчестер Сити има 347 настапи за клубот од Етихад во кој нема повеќе светла иднина.

За негови следни дестанции се споменуваат Евертон, Севиља и Борусија Дортмунд.

OhridNews