Фудбалерите на Манчестер Сити се вратија на врвот од табелата во Премиер лигата после минималната победа (1-0) над Тотенхем во дерби средбата на „Етихад“ стадионот.

„Граѓаните“ со триумфот им се реваншираа на „петлите“ за драматичната елиминација во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони и направија чекор поблиску до титулата во Премиер лигата. Погодокот кој го одлучи победникот беше дело на Фил Фоден во петтата минута од натпреварот.

Манчестер Сити со бод повеќе од Ливерпул ќе влезе во финалните четири мечеви од англиската фудбалска елита, додека Тотенхем може да ја изгуби третата позиција на табелата и да влезе во неизвесна завршница во борбата за ТОП 4.

OhridNews