Сопствениците на Манчестер Сити биле подготвени на Јувентус да му платат сума од 97 милиони евра како обештетување за францускиот репрезентативец Пол Погба, тврдат британските медиуми.

Истите извори наведуваат дека на Погба му е понудена годишна плата од 17 милиони евра. Доколку овие најави се остварат само тројца играчи во светот би имале поголема годишна плата од Погба, а тоа се Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Лионел Меси.

Сепак Манчестер Јунајтед не е единствениот тим кој покажува интерес за Погба тука се уште и ПСЖ, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

„Макфакс“