Манчестер Сити го совлада составот на Борусија Дортмунд по изведувањето на пеналите 6-5 (1-1) на Интернационалниот куп шампионат кој се одржува во Кина.


„Граѓаните“ во 70-та минута од мечот преку Серхио Агуеро стигнаа водство, а го чуваа се до 90-та кога Кристијан Пулишиќ изедначи на 1-1.

Во пенал рулетот победникот се реши во осмата серија, а херој на англичаните беше голманот Ган кој успеа да скроти три удари вкупно од белата точка. 

Турнеата во Кина после овој меч ја завршуваат двете екипи, а исто дел од Куп шампионатот беше и Манчестер Јунајтед кој претрпе пораз од „милионерите“ 4-1.

OhridNews