Манчестер Сити е победник во англискиот Капитал куп. Во финалето „граѓаните“ го совладаа Сандерленд 3-1 со пресврт во вториот дел.

Финалниот натпревар одлично го започнаа „црните мачки“ откако поведоа со голот на Фабио Борини во 10-та минута.

Со погодоците на Туре, Насри и Навас фудбалерите на Манчестер Сити направија комплетен пресврт и го освоија првиот трофеј сезонава.

Мх.П.