Манчестер Сити со 1-0 го совлада Челси во дербито на „Етихад“ стадионот и на 18 бодови ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Ливерпул на табелата.

Човек на одлука на дербито беше Бернардо Силва кој погоди по само 35 секунди игра во второто полувреме. „Граѓаните“ иако постигнаа само еден погодок доминираа во текот на мечот и на „сините“ не им дозволија ниту еден удар кон голот на Едерсон.

Манчестер Сити во следните неколку рунди може и математички да ја обезбеди титулата која минатата сезона заврши во витрините на Челси.

Резултати: Барнли – Арсенал 2-1, Мен Сити – Челси 1-0.

Табела: Мен Сити 78, Ливерпул 60, Мен Ју 59 (-1), Тотенхем 58, Челси 53, Арсенал 45…

OhridNews