Манчестер Сити го освои првиот трофеј сезоната триумфирајќи во англискиот Лига Куп во финалето против Ливерпул по изведувањето на пеналите 1-1 (3-1).
Регуларниот дел од натпреварот и дополнителните триесет минути завршија без победник (1-1), а победникот се одлучуваше по пеналите.
Во првата серија Ливерпул се стекан со предност откако погоди Емре Чан, а промаши Фернандињо. Но, потоа голманот на Сити, Кабалеро ги одбрани ударите на Леива, Коутињо и Лалана, а соиграчите Навас, Агуеро и Јаја Туре реализираа за прв трофеј сезонава, инаку вкупно четврти во историјата.
OhridNews










