Рекордниот трансфер на Пол Погба од Јувентус во Манчестер лесно може да падне на втората позиција ако се остварат најавите на „Скај спорт“ за трансфер на Џиџи Донарума од Милан во Манчестер Сити.

„Скај спорт“ пренесува дека „граѓаните“ подготвени се да платат од 120 до 150 милиони евра за надежниот голман кој неодамна наполни 18 години. 

Иако млад Донарума зад себе веќе има две професионални сезони, а многумина го сметаат за најталентиран голман во светот и наследник на Џиџи Буфон на голот на италијанската репрезентација. 

Голманот на „росонерите“ треба да биде долгорочно решение за Пеп Гвардиола кој откако пристигна на „Етихад“ има проблем со чуварите на мрежата. По самото доаѓање го испушти Џо Харт, а довербата не ја оправдаа ниту Клаудио Браво кој беше доведен од Барселона и Виљи Кабаљеро кој исто така доби шанса сезонава. 

OhridNews