Неполна недела по завршувањето на Премиер лигата екипата од Етихад, Манчестер Сити се фрли на работа, односно на реновирање на играчкиот ростер.

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола за почеток ослободи петмина фудбалери од обвските. „Граѓаните“ соработката ја завршија со Пабло Забалета, Гаел Клиши, Бакари Сања, Хесус Навас и голманот Вили Кабаљеро.

Петте фудбалери добија шанса од Гвардиола, но не ги исполнија очекувањата и среќата ќе мора да ја побараат во друга средина.

Како што најавуваат англиските медиуми Манчестер Сити во текот на оваа недела треба да го комплетира трансферот на Бернандо Силва од тимот на Монако.

Португалецот во редовите на „кнезовите“ одигра значајна улога во освојувањето на титулата во Франција и пласманот во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони што беше одлучувачки предзнак за Гвардиола.

OhridNews