Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити го комплетираше трансферот на бразилскиот интернационалец Данило од редовите на Реал Мадрид.
Данило со „граѓаните“ од Манчестер потпиша петгодишен договор, а „кралевите“ инкасираа 26.5 милиони фунти.
– Јас сум многу среќен што ќе имам можност да соработувам со Пеп Гвардиола. Интерес за мене имаше од повеќе екипи, но јас го одбрав Манчестер Сити поради шпанскиот стручњак и неговите големи амбиции. – изјави Бразилецот.
Во двегодишниот престој на Сантијаго Бернабеу, Данило освои две титули во ЛШ, една во Ла Лига, една во Супер купот на Европа и на Светското првенство за клубови.
Данило е четврто засилување за Манчестер Сити во летниот преоден рок. Претходно „граѓаните“ на Етихад ги доведоа Бернандо Силва од Монако, голманот Едерсон од Бенфика и Кајл Вокер од Тотенхем.
OhridNews