Манчестер Сити дербито со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го започне со осум бодови предност, откако на домашен терен потешко од очекувањата го совлада Вест Хем 2-1.
„Граѓаните“ во првиот дел не одиграа на нивото од претходните мечеви, а гостинските фудбалери максимално го искористија тоа и во финишот погодија за водство 1-0. После 15-ет минути игра во второто полувреме домаќините израмнија со голот на дефанзивецот Николас Отаменди. До трите бодови Манчестер Сити стигна во 84-та минута кога Давид Силва со одмерен удар ја смести топката во мрежата.
Со победата фудбалерите на Манчестер Сити стигнаа до рекордна 13-та во низа во Премиер лигата и си обезбедија мирна недела за подготовка за дербито со Манчестер Јунајтед во кој „ѓаволите“ мораат да атакуваат на победа.
OhridNews