Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ја прекинаа соработката, откако клубот утрово му врачи отказ на португалскиот стручњак.

Искусниот фудбалски стратег не успеа да го врати шампионскиот шмек на Олд Трафорд. Последнава сезона, клубот повеќе беше во фокусот околу работите што се случуваат во соблекувалната, отколку на теренот. Резултатите не беа на страна од Мурињо, ниту играта, а и навивачите се свртеа против менаџерот кој се чини потфрли во својот престој на Олд Трафорд

Мурињо со „црвените ѓаволи“ освои титули во Лигата на Европа, англискиот Супер куп и Лига купот. Палката во Манчестер Јунајтед многу веројатно ќе ја преземе Мајкл Карик, а по завршување на оваа сезона клубот ќе назначи нов тренер.

„Специјалниот“ за предвремениот раскин на договорот ќе добие 24 милиони евра.

OhridNews