Отказот на Жозе Мурињо ги израдува поголем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед, но внесе голема паника и немир во лондонски Тотенхем, откако актуелниот менаџер на „петлите“, Маурицио Почетино се најде во потесниот избор за нов предводник на клубот од Олд Трафорд.

„Црвените ѓаволи“ за менаџер до крајот од сезоната го назначија легендарниот норвешки фудбалер Оле гунар Солскјаер, но Почетино беше бомбардиран со прашања за неговата иднина. Портпаролот на Тотенхем ја прекина средбата со медиумите и нареди новинарите да прекинат со прашањата за Манчестер Јунајтед и да се насочат кон мечот со Eвертон кој ги очекува викендов во Премиер лигата.

Почетино не ги одговараше прашања поврзани со Манчестер Јунајтед, а и изјави дека не е чесно да се зборува за други клубови, кога тој е менаџер на Тотенхем.

Покрај стручњакот на „петлите“ помеѓу потесните фаворити се вбројува Зинедин Зидан и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лоран Блан.

OhridNews