Манчестер Јунајтед ги комплетираше најдобрите осум екипи во ФА купот, откако во 1/8 финалето со 2-0 го совлада Челси на Стемфорд Бриџ.

„Црвените ѓаволи“ со триумфот над „сините“ и пласманот понатаму покажаа дека им лежат терените во Лондон. Една рунда претходно фудбалерите на Манчестер Јунајтед на Емирати го победија Арсенал со 3-1, сега го преслушаа и Челси, а во Премиер лигата славеа со 1-0 против Тотенхем.

Избраниците на Оле гунар Солскјаер експресно ги вратија насмевките на лицата од навивачите после поразот од ПСЖ во Лигата на Шампиони и на најдобар можен начин го најавија супер дербито со Ливерпул во Премиер лигата.

OhridNews