Во првата рунда од нокаут фазата во Лигата на Европа, Интер гостува во Глазгов и ќе ги одмери силите со екипата на Селтик.


„Нероазурите“ ќе имаат можност да играат пред преполн стадион што е реткост последниве години во „Калчо лигата“.

– Ќе играме пред 60 000 гледачи нешто што тотално сме го изгубиле во италијанскиот фудбал. Ќе бидам горд ако моите момци победат и да ги направат нашите навивачи среќни. Неверојатната атмосфера на стадионот секогаш е во предност на домаќинот, а ние во Италија ова нажалост го немаме. – рече тренерот на Интер, Роберто Манчини.

Атмосферата на „Селтик Парк“ нема да биде непозната за Манчини, кој беше менаџер на Манчестер Сити.

– Тоа треба да делува мотивирачки за моите фудбалери. Селтик се добар тим и не играат класичен фудбал со долги топки. Очекувам тежок натпревар и мислам дека нема да се одлучи мечот во овие 90-ет минути. – потенцираше Италијанецот.

Ohridnews