Екипата на Интер пред почетокот на сезоната претрпе кадровски промени на тренерската позиција, откако клубот го отпушти Роберто Манчини.
За заменик на италијанскиот стратег кој не ги оправда очекувањата на Џузепе Меаца ќе биде назначен Холанѓанецот, Франк де Бур.
Лошите резултати во подготвителниот период, а пред се лошата форма на играчите му пресудија на Манчини кој минатата сезона не успеа да влезе меѓу ТОП 3 екипите во Серија А.
Како што информираат италијанските медиуми Де Бур брзо ќе потпише договор со „нероазурите“ и ќе се фати за работа бидејќи сезоната во Италија почнува за две седмици.
OhridNews