Италијанскиот стратег на клупата од Интер, Роберто Манчини ја скрои трансфер листата за зимскиот преоден рок.


Прв на списокот се наоѓа Матија Настасиќ, кој токму Манчини го донесе во Манчестер Сити. Тој треба да биде замена за Немања Видиќ, кој извесно е дека ќе замине од „Џузепе Меаца“.

Меѓу трансферите се шпекулираше и за Марио Балотели, но навивачите на „нероазурите“ уште на мечот со Киево искажаа дека не го сакаат контроверзниот напаѓач назад во Интер.

На листата од потенцијални трансфери се Езекил Лавеци од ПСЖ, Алесио Черчи од Атлетико Мадрид, Мухамед Салах од Челси и Лукас Подолоски од Арсенал.

Манчини, повторно ги мести шампионските коцки онака како пред седум години кога во врати шампионскиот сјај на „нероазурите“.

Мх.П.