Фудбалерите на Наполи ги комплетираа полуфиналистите во купот на Италија победувајќи го Интер 1-0 со погодок во судиското продолжение.


– Останав без текст. Такви голови не смее да ги примаме. Едноставно не смееме. Натпревар беше пред самиот крај, а ние тогаш попуштаме со концетрацијата. До тој момент игравме многу добро и место тогаш ние да постигнеме погодок, ние примаме, секогаш ни се случува тоа – рече Роберто Манчини и додаде – И после ова можеме да констатираме само едно кои будали сме ние. Играме цел натпревар и испаѓаме од купот на Италија навистина апсурдно.

По елиминацијата во купот „нероазурите“ ќе се фокусираат на Серија А и Лигата на Европа каде се наоѓаат во првата елиминациска фаза.

Ohridnews