По 27 одиграни натпревари во „калчо“ лигата „нероазурите“ се наоѓаат на осмата позиција со заостаток од 12 бодови од третопласираниот Лацио, кој се наоѓа на последната станица која води во Лигата на Шампиони.
Интер сезонава се натпреварува во Лигата на Европа, а најверојатно и следната година ќе биде дел од најголемото натпреварување под капата на УЕФА.
– За нас не е реална третата позиција и затоа нема смисла да зборуваме и мислиме на неа која води во ЛШ. Не се предаваме, но многу тешко ќе успееме бидејќи и другите екипи се наоѓаат во добра форма. – рече стратегот Роберто Манчини.
Предводникот на Интер најави неколку засилувања со кои следната сезона ќе го направи тимот конкурентен во однос на Јувентус.
Мх.П.