Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид претпре минимален пораз 1-0 на гостувањето во Леверкузен од тимот на Баер во првиот осминафинален натпревар.
„Јорганџиите“ одиграа далеку од своите можности, но голема заслуга за оди за германците кои не покажаа никаков респект.
– Не бев добар јас, а и екипата не изигра ништо посебно. Не сме задоволни со минимален пораз иако не игравме баш добро, требаше да биде подобро. Немавме свој ден, но верувам дека на тоа ќе остане и ќе одиграме далеку подобро пред своите гледачи. – рече хрватскиот репрезентативец.
Во финишот од мечот токму Манџукиќ спаси чист погодок исфрлувајќи ја топката од гол-линијата.
Ohridnews