Италијанскиот првак и Европскиот вицешампион Јувентус ќе претрпи големи играчки промени пред почетокот на новата сезона.
Заминување од Торино најави аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез, а „бјанко-нерите“ без голема оштета би го пуштиле и Фернандо Љоренте, кој не се наигра сезонава.
Замена за двајцата напаѓачи челниците на Јувентус гледаат во хрватскиот голгетер Марио Манџукиќ, кој настапува во Атлетико Мадрид.
„Супер Марио“ не е во добри односи со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, а токму тоа сакаат да го искористат италијаните и да го доведат за половина цена.
Манџукиќ по две сезони мина во Волфзбург и Баерн Минхен, а во Бундес лигата се пресели од хрватскиот Динамо.
Ohridnews