Екипата на Ливерпул со минимални (1-0) го совлада Евертон во 227-то Мерсисајд дерби кое се одигра во рамките од 17-та рунда во Премиер лигата.
Дербито од заборав го спаси Садио Мане кој победничкиот погодок за „црвените“ го постигна во 4-та минута од судиското продолжение.
Претходно, двете екипи играчки потфрлија во градското дерби кое не го оправда епитетот овој пат.
„Црвените“ со трите бодови се протнаа на втората позиција на табелата, а Евертон остана на 9-та позиција со 23 бодови.
OhridNews