Манифестација „Гоцеви Денови“ – Подгорци, годинава ќе се оддржи во сабота на 8-ми јуни, соопшти организациониот совет.

Добитник на „Гоцевата повелба“ за 2013-та година е д-р Христо Петрески, истакнат македонски писател. за неговото дело пригоден збор ќе оддржи поетот Петко Шипинкаровски.

Петрески е основач и директор на издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ – Скопје и член на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година.

Тој е еден е од основачите на списанието „Стожер“ и манифестацијата „Празник на липите“ при ДПМ, а во моментов работи како главен и одговорен уредник на списанието „Книжевна Академија“.

OhridNews