Марјан Стојкоски-Манта се повлече од функцијата технички директор на фудбалскиот прволигаш 11 Октомври.   Одлуката е една недела по суспензијата на теренот во Прилеп од шест меча и откако ФФМ поведе дисциплинска постапка против четворица од Управниот Одбор.


Привремено се повлекувам од сите активности во клубот. Наредните денови ќе излезам пред јавноста и детално ќе образложам – вели Стојкоски.

Популарниот Манта остави длабок белег во прилепскиот фудбал, долги години беше фудбалер на поранешниот првак Победа, а има и неколку настапи за македонската фудбалска репрезентација.

По активното завршување на фудбалската кариера, беше спортски директор на Победа, а во последните три години ја извршуваше оваа функција во 11 Октомври.

Ohridnews