Претседателот на Албанската академија на науките, Коркути, требаше да го најави своето присуство на свеченостите во Струшко, каде ноедамна без одлука на надлежните институции беа поставени спомен плочи посветени на Охридско – дебарското востание против српската војска пред 100 години, испишани само на албански јазик, смета академик Цветан Грозданов..

-Неговата појава во струшко ја знае добро струшкиот музеј бидејќи таму има сакрални – црковни објекти кои се под Охридската архиепископија од 14 век и кои се доста познати. Ако сме малку патријахални, а сме, било редно колегата Коркути да се најави во МАНУ, бидејќи ние имаме документ за заеднички за соработка, но тоа се работи на кои академијата ќе одговори подетаљно во следниот период.-изјави академик Грозданов, посочувајќи дека претседателот на Албанската академија само два дена по доаѓање на нејзино чело најавил ревизија на Македонската енциклопедија.

Претседателката на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, Валентина Божиноска, пак, смета дека одбележувањето на овој историски настан е направено избрзано, без неопходната консултација со научната јавност. Таа посочи дека било побарано Националниот институт за историја да се произнесе официјално за овој настан, за кој многу малку се знае.

-Ми се чини дека процедурата понекогаш треба да оди поинаку. Треба да се побара изим, вистинска бела хартија или нота за тој настан од институтот дека тоа било така, потоа советот на градот, во случајот Струга, да го изгласа тој момент и потоа да се гради. По малку сме наученми да не одиме преку институциите туклу да одиме на поинаков начин и затоа велам дека малку повеќе треба ставовите на научните институции да се почитуваат. – рече Валентина Божиновска.

Неодамна во Охрид и Дебар се одржаа научни конференции за Охридско – дебарското востание, на кои историчарите Македонци и Албанции искажаа различни видувања за историскиот настан од пред еден век.

Г.М.