Кошаркарскиот тим “Мапет Шоу“ победи на ОНЕ баскет турнирот кој  викендов се одржа на кошаракрските терени на  СРЦ “Атина Бојаџи “ во Охрид.


18 “тројки“ се натпреваруваа на турнирот на кој во финалето ’Мапет шоу’ во состав ((Дејан Вељаноски, Петар Бојоски, Никола Танаскоски, Ѓорѓи Здравевски) го победи ТИМ во состав ( Јовче Ангелески, Марјан Бошале, Слободан Стаматоски, Орце Серафилоски) со 12-10.


Охриѓани заедно со победниците од останатите градови на 18 август ќе се соочат во Скопје за да го одлучат најдобриот во оваа конкуренција.


фото vklucise.mk
Ohridnews