Охридскиот “street ball” тим “Мапет Шоу“ го освои второто место на “one-street ball“ турнирот кој се играше ширум Македонија.  Охриѓани во финалето беа поразени од скопскиот тим “Сони“.



– Постигнавме голем успех влегувајќи во финалето и во конкуренција на 200 екипи се пласиравме на второто место. Голема благодараност до градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, како и спонзорите обложувалница “Премиер“ и перална “Дојчин“ – истакна капитенот на тимот Ѓорѓи Здравески.


Овај турнир беше загревање на македонската јавност пред настапите на националната селекција на европскиот шамионат во Литванија.

М.П.