Со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација на ЈП Охридски Комуналец расчистени се дури 16 мини депонии на различни локации во градот, информираат од претпријатието.

Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме, потенцираат од ЈП Охридски Комуналец.
OhridNews














