Кошаркарскиот клуб АВ Охрид сезоната која доаѓа во македонската кошарка ќе ја започне со нов тренер, откако Марјан Илиевски го презеде кормилото на екипата. Тој на клупата од АВ Охрид го наследи Петар Чочоровски кој четири сезони го предводеше составот.

Илиевски е еден од најдобрите македонски тренери и неговото доаѓање треба да донесе голем резултатски напредок на охридскиот состав во Првата лига. Илиевски во Охрид доаѓа од тимот на Блокотехна со кој успеа да победи во БИБЛ лигата и да се пласира во финалето во Купот на Македонија.

  • АВ Охрид е мојата следна дестинација. Се надевам дека заедно со првиот човек Милчо Донески и менаџментот ќе успееме да реализираме една нова успешна приказна, која ќе стане примамлива средина за спортските работници. Наша основна амбиција е прво да се изгради здрав играчки колектив и професионалност, со добра подлога на организација и услови, кои би овозможиле да се цели кон подобар резултат. – изјави Илиевски.

Клубот комплетно е насочен кон доведување на кошаркари, а подготовките се очекуваат да започнат средината од месец август.

OhridNews