Легендарниот аргентински репрезентативец Диего Марадона и тренерот на Европскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти се примени во куќата на славните во италијанскиот фудбал на свечената церомонија во Фиренца.


Анчелоти е примен во категоријата тренер, а Марадона во категоријата странски фудбалер. Покрај нив место во куќата на славните имаше за Фабио Канаваро (домашен фудбалер), Џузепе Марота (директор), Стефано Браски (судија), Сандро Мацола (ветеран) и Каролина Мораце (женска фудбалерка).

Во куќата на славните во италијанскиот фудбал која датира од 2011 година веќе се наоѓаат Роберто Баџо, Паоло Малдини, Франко Барези, Марчело Липи, Џовани Трапатони, Фабио Капело и многу други.

Церомонијата ја водеа сегашниот и поранешниот италијански селектор Антонио Конте односно Ариго Саки.

Мх.П.