Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона не доби виза за влегување во Соодинетите американски држави (САД).

Причината за одбивањето на Марадона се ставовите кои контроверзниот фудбалер ги искажал пред одредено време за претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Трамп не го доживувам како политичар и ме потсеќа на ликови од цртани филмови. Кога и да го видам на телевизија се смеам и се забавувам, бидејќи не го разбирам сериозно. – изјавил Аргентинецот за Трамп.

Марадона сакал да отпатува во Мајами каде требал да присуствува на сослушување на неговата сопруга. Фудбалска легенда во посета на САД не бил од Мундијалот 1994 година.

OhridNews