Легендата на аргентинскиот и свтскиот фудбал Диего Армандо Марадона, сонува еден ден да се врати во екипата на Наполи, како тренер. Како што пренесува “Goal.com” Марадона во разговор со поранешниот соиграч Бруно Џордано, му признал дека сака да се врати во тимот каде ги доживеа ѕвездените моменти во фудбалската кариера.
– Марадона сонува да се врати во Наполи. Тој во меѓувреме стана одличен тренер и навистина заслужува шанса да води топ тим во Европа. Диего е тренер кој минува и по пет до шест саати на теренот и се грижи за секој детаљ. Тој го следи мечевите на Наполи и негов омилен фудбалер е Лавеци – рече Џордано (55) за италијанските медиуми.
“Волшебникот“ Марадона во дресот на “азурите“ настапуваше седум сезони. Во 188 натпревари постигна 81 погодок и му помогна на Наполи да стигне до титулата во “калчо лигата“ во 1987 година.
Неприкосновениот фудбалер Марадона, смета дека има доволно искуство за до превземе кормилотo на Наполи. На минатато Светско првенство во Јужна Африка “Човекот со божјата рака“ ја предводеше Аргентина до 1/4 финалето, а моментално е тренер на екипата Ал Васл.
Дали македонскиот репрезентативец Горан Пандев ќе соработува со најдобриот фудбалер на сите времиња ќе каже времето но и резултатите на акутелниот тренер Валтер Мацари.
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата во сабота, 12 септември, ја пречекуваат екипата на Струга Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи Ние сме фа...
Од 5 до 8 септември во Струга се одржува седмото издание на Меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска кралица“, во организација на Младинската шаховска школа „Струга“, под менторство на Ѓо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.