Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, ќе работи како стручен коментатор на венецуелската телевизија „Телесур“, за време на Светското фудбалски првенство, кое ќе се одржува во Бразил од 12.јуни до 13.јули.

Марадона нема прв пат да се најде во оваа улога, бидејќи како коментатор работеше за шпанската „Кадења 4“, време на Мундијалот во Германија во 2006 година.

Интересно е што коментарите на Марадона овој пат ќе бидат фудбалско-политички, пренесува аргентинскиот весник „Ла Насион“.  „Го потпишав најинтересниот договор во кариерата. Ќе има фудбал и политика, а тоа е она што му се допаѓа“, рекол Марадона, кој не крие дека има левичарска политичка ориентација.

Аргентинецот е голем пријател со водачот на кубанската револуција Фидел Кастрo, а беше голем пријател и со починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез.

Диего Марадона, во моментов живее во Дубаи, каде е ангажиран како спортски амбасадор на Обединетите Арапски Емирати.

„Макфакс“