Раперката Ники Минаж потврдила дека повеќе нема да биде судија во музичкото шоу „Американски идол“, а еден ден после неа истото го најавила и нејзината колешка, поп пејачката Мараја Кери. Минаж на својот Твитер му се заблагодарила на „Американскиот идол“ за животното искуство и нагласила дека е време да и се посвети на својата музика.

Во соопштението на продуцентите на тв мрежата Фокс пишувало дека Ники Минаж е супер ѕвезда која донела ниво на искреност во шоуто и која имала позитивно влијание на натпреварувачите. Мараја Кери соопштила дека и таа ја напушта улогата на судија во истото шоу, како и Ренди Џексон, додека сеуште се чека одлуката на кантри пејачот Кит Урбан.