Маратонците ги пливаат последните 2,5 километри од патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид во рамки на 39. Охридски пливачки маратон.

Прв засега е италијанецот Николо Ричарди, одма зад него е италијанецот Алесио Окипинти, а на 50 метри зад нив плива македонецот Петар Цеков. Четврт во машка конкуренција плива Филип Лакас од Канада, додека зад него е аргентинката Мајте Ајлен Пука која е прва во женска конкуренција.

Се очекува за 20-30 минути да пристигнат на целта. Досега се се одвива во најдобар ред и сите маратонци ја пливаат патеката, вели главната судијка Катерина Стојаноска.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска