Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка е прв финалист на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос. Вавринка во 1/2 финалето после четири и пол часовен маратонски дуел го совлада најдобриот тенисер на светот, Енди Мареј во пет сетови (6-7, 6-3, 5-7, 7-6, 6-1).

Третиот светски рекет два пати имаше по сет негатива во текот на мечот, но два пати успеваше да се врати. Вавринка го изгуби првиот во тај-брејк 7-6, а врати со 6-3. Третиот сет исто го изгуби 7-5, а во четвриот изедначи после добиениот тај-брејк.

Во последниот одлучувачки петти сет Вавринка покажа повеќе квалитет и карактер со 6-1 го доби за финале на Ролан Гарос. Швајцарецот ги искористи сите грешки на Мареј, кој не беше на висина од задачата во петтиот сет.

Вавринка, кој има титулата на Ролан Гарос од 2015 година во финалето го чека подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Рафа Надал и Доминик Тим.

OhridNews