Со дуелот помеѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, Карпош Соколи се комплетираше првата рунда во македонската кошаркарска елита која траеше пет денови. „Соколите“ ги освоија бодовите од дербито победувајќи со минимални 85-83 и ја заокружија првата рунда која мина во знакот на гостите. 

На победи надвор од својата арена се израдуваа Работнички против Куманово, АВ Охрид во Струмица и Гостивар кај тимот на Фени Индустри. Домашната чест ја одбрани Пелистер кој пред своите гледачи славеше против составот на Шкупи.

Натпреварите во македонскиот шампионат продолжуваат викендов, односно во сабота кога се на програмата пет од шесте натпревари.

Резултати: Куманово – Работнички 88-91, Струмица – АВ Охрид 76-90, Кожув – Блокотехна 56-99, Пелистер – Шкупи 90-83, Фени Индустри – Гостивар 92-96, МЗТ Скопје – Карпош Соколи 83-85.

Двојки 2.рунда: Карпош Соколи – Струмица, Гостивар – Кожув, АВ Охрид – Куманово, Блокотехна – Пелистер, Работнички – Фени Индустри, Шкупи – МЗТ Скопје.

Фото: Архива
OhridNews