Дваесет и два пливачи од пријавените 26 стартуваа попладнево на традиционалниот Охридски пливачки маратон што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов по 24-ти пат се одржува на Охридското Езеро.

Точно напладне старот на трката кај манастирскиот комплекс „Свети Наум“ го означи градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Маратонците, од кои 13 во машка и девет во женска конкуренција, по стартот до целта на градското пристаниште маратонците ќе поминат низ вкупно 12 контролни точки. За регуларноста на трката ќе се грижат 13 судии, а за беспрекорната организација ангажирани се 7 хидро глисери и 40 кајчиња за пратење и контрола.

се очекува 30-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“ да ги испливаат за пет до шест часа, зависно временските услови.

Ohridnews