Кармен Бауцентар – лидер во трговијата со градежни материјали разви нова приказна во своето работење со модерен, високо опремен салон од 1000м2 за санитарија и плочки во Охрид.
Во добро познатиот продажен салон на „Кармен Бауцентар“ во Охрид, на улица „Железничка, сега можат да се најдат плочки за секоја бања, кујна, балкон или деловен простор од широката палета на „Marazzi”, кои се достапни во многу димензии, дизајни и, секако, достапни за сечиј буџет.
Огромна чест и задоволство ни претставува претставувањето на Италијанскиот бренд “Marazzi” за кој изработивме “Showroom” по светски стандарди. Тука е на располагање нашиот стручен персонал и архитекти кој ќе ви дадат бесплатни “3D” решенија за Вашиот дом или деловен простор да добие урбан и модерен изглед. – порачува менаџерскиот тим на Кармен Бауцентар во Охрид.
Доколку имате потреба од мебел за вашата бања можете да изберете од богатата понудата од словенечкиот бренд „Koplasan”, германскиот „Ideal Standard” како и многу други домашни брендови.
Во делот на санитарија, на располагање на купувачите им се добро познатите брендови „Unitas” – Словенија, германските „GROHE” и „IDEAL STANDARD”, италијанскиот бренд „DANIEL Rubinetterie”, шпанскиот бренд „ROCA” како и многу други брендови, додаваат од Кармен Бауцентар – Охрид.
Комплетната понуда во „Кармен Бауцентар“ се заокружува со Бекамент системот лепила за плочки и хидроизолации. Сигурна и долготрајна заштита од вода и влага во најчуствителните делови од станбениот простор (кујна, бања, подрум) се обебзедува со HYDRO линијата производи од Бекамент која ги покрива и најсложените потреби во доменот на хидроизолацијата.
Причина плус да го посетите „Кармен Бауцентарот“ во Охрид е и системот за поставување плочки, природен камен или мозаици од програмата „Bekament Ceramic“ кој овозможува реализација и на најсмелите идеи, велат од Кармен Бауцентар – Охрид.
Не пропуштајте ја можноста за најповолни цени да набавите се што ви е потребно за вашиот дом или работна просторија и посетете го салонот на „Кармен Бауцентар“ во Охрид.
OhridNews