Водечките тенисери на АТП листата, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се избегнаа во полуфиналните пресметки на АТП турнирот во Лондон.
Мареј и Ѓоковиќ завршија на првата позиција во своите групи и ја „одложија“ средбата која може да донесе смена на врвот на рејтинг листата.
Првата позиција во групата Мареј ја обезбеди со триумфот над Стен Вавринка во два сетови (6-4, 6-2), а Ѓоковиќ со победата над Гофан ја завери највисоката позиција.
Ривал на Мареј во полуфиналето е Канаѓанецот, Милош Раониќ додека Ѓоковиќ ќе се сретне со Кеи Нишокори. Полуфиналните пресметки на програмата се в сабота со почеток од 15 односно 21 часот.
OhridNews