Новак Ѓоковиќ и покрај поразот во финалето на УС Опен, ја задржа првата позиција на АТП листата, но до крајот на годината му престои голема борба доколку сака да остане светски број 1 додека кај женските Анџелик Кербер го презеде приматот најдобра светска тенисерка од Серена Вилијамс која ја симна од врвот.


Српскиот тенисер загуби во четири сета од Стан Вавринка во финалето на УС Опен, што му овозможи на второпласираниот Енди Мари да ја намали разликата на помалку од 5.000 поени. Британецот не загуби бодови на УС Опен бидејќи забележа подобар резултат од оној кој го постигна минатата година.

Кербер е првата Германка по пауза од 20 години која се искачила на врвот на листата. Во 1996 година на врвот беше легендарната Штефи Граф. Таа, во саботата го освои УС Опен и ја комплетираше својата најуспешна недела во кариерата. германката во три сета славеше над Каролина Плишкова, која претходно стана само третата тенисерка во историјата која на еден Грен слем турнир ги победила сестрите Вилијамс.


Зад Кербер и Серена се наоѓаат Гарбиње Мугуруса, Агњешка Радванска и Симона Халеп. На позитицата број 6 е Плишкова која на претходното рангирање беше 11-та. Зад тенисерката од Чешка се Венус Вилијамс, Карла Суарез Наваро, Медисон Киз и Светлана Кузњецова.

Кај машките на врвот Ѓоковиќ има 14.040 бодови, Мари е втор со 9.485, а трет е Вавринка. Рафа Надал се врати на четвртата позиција, а петти е Кеи Нишикори, кој на претходното рангирање беше седми. Милош Раониќ го задржа шестто место, седи е Роџер Федерер, кој веќе ја заврши сезоната, Гаел Монфилс „скокна“ четири места и сега е осми, деветти е Томаш Бердих, а десетти младиот Австриец Доминик Тим.

OhridNews