Енди Мареј е се поблиску до првата позиција на АТП рејтинг листата која цели две години ја чува српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Британецот дополнително ја намали предноста на Ѓоковиќ, откако триумфираше на турнирот во Виена. Во финалето, Мареј го совлада Жо Филфред Цонга во два сетови (6-3, 7-6).
Титулата од турнирот во Виена е седма за Мареј годинава, кој пак, може да ја заврши и на првата позиција во генералниот пласман.
За тоа да се случи Мареј на мастерс турнирот во Париз треба да победи, а Ѓоковиќ да биде елиминиран пред финалето.
Ова сценарио лесно може да се случи бидејќи Србинот е во голема играчка криза и турбулентен период по гласините за менувањето на првиот тренер, Борис Бекер.
OhridNews