Водечкиот тенисер, Енди Мареј ја зголеми предноста пред второпласираниот Новак Ѓоковиќ во новото рангирање во светскиот тенис кое помина без некои големи промени.
Британецот триумфираше на мастерс турниро во Дубаи, додека српскиот тенисер во третото коло го заврши првото учество на турнирот во Акапулко, Мексико.
Мареј за 500 поени ја зголеми разликата и со 12 040 поени се прицврсти на врвот. Ѓоковиќ на втората позиција има 9 825 бодови. Третата позиција ја чува Стен Вавринка, четвртата Милош Раониќ, а петката ја комплетира Кеи Нишикори.
Во Топ 10 имаше една промена и тоа Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга ги заменија позициите седум и осум. Рафа Надал останува на шестата позиција, додека Рожер Федерер ја заокружува најдобрата десетка.
Најголем напредок дури 14 позиции имаше американскиот тенисер Сем Кереј кој победи на турнирот во Мекиско совладувајќи го Надал во финалето. Американецот сега се наоѓа на 26-та позиција во светскиот тениски поредок.
OhridNews