Eнди Марej ја зголеми предноста на челната позиција на АТП листата во однос на Новак Ѓоковиќ по завршениот Австралија Опен, иако двајцата испаднаа во раната фаза на турнирот. Рожер Федерер кој победи во Мелбурн се врати во Топ 10 на АТП листата.


Британскиот тенисер започна уште една недела на челната позиција на АТП листата, тој во однос на вторпласираниот Новак Ѓоковиќ има 1.175 бодови повеќе.

По австралискиот грен слем турнир се случија уште некои промени меѓу најдобрите десет во светот. Стан Вавринка се врати на третото место, Милош Раониќ е сега чеврти, а Рафаел Надал напредуваше од деветтата на шестата позиција.

АТП, Топ 10:

1. Енди Мари (Велика Британија) 11.540 

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 9.825

3. Стан вавринка (Швајцарија) 5.695

4. Милош Раониќ (Канада) 4.930

5.Кеи Нишикори (Јапонија0) 4.830

6. Рафаел Надал (Шпанија) 4.385

7. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.560

8. Доминик Тим (Австрија) 3.505

9. Гаел Монфилс (Франција) 3.445

10. Роџер Федерер (Швајцарија) 3.260

OhridNews