Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер среде Лондон со 2-0 во сетови (6-0, 6-1) го совлада Британецот, Енди Мареј.


Федерер демонстираше сила и моќ во текот на сите гемови. Му одеше се од рака, а Мареј немаше никако одговор за расположениот Швајцарец.

За Федерер ова е втора победа на завршниот турнир во Лондон што му гарантира пласман во полуфиналето.

Во првиот натпревар од втората рунда победа славеше Јапонецот, Каи Нишикори со 2-1 над замената за Милош Раониќ, Давид Ферер.

Мх.П.