Третопласираниот тенисер на светската АТП листа Енди Мареј на 11 април со својата долгогодишна девојка ќе стапне на лудиот камен. На свечената церомонија нема да присуства ниту еден колега на британскиот тенисер.
– На нашата венчавка нема да има познати луѓе од спортот или шоу бизнисот бидејќи таму немам вистински пријатели. На листата од гости се наоѓаат само блиски луѓе до нашата фамилија. – рече Мареј.
Во медиумите се шпекулираше дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе му биде кум на Мареј, но Британецот се одлучил за свадба во затворен круг.
Ohridnews