Во финалето на првиот гренд слем турнир за годинава Енди Мареј во четири сетови претрпи пораз Новак Ѓоковиќ, за кого ова беше петта титула во Австралија.


– Се изнервирав што допуштив во третиот сет повредата на противникот мене да ми смета. До тогаш играв одлично, а десетте лоши минути ми го зедоа и сетот, кој експресно го изгубив. Имав прилика да го земам и првиот сет, не успеав, а го добив вториот и потоа дојде клучниот трети сет, кој го изгубив по моја вина – рече Мареј.

За британскиот тенисер ова беше четврто изгубено финале во Мелбурн, а трето вкупно од Ѓокови.

– Неговата состојба изгледаше многу лошо на стартот од третиот сет, а потоа неверојатно се врати и вистина незнам што се случи со мојот противник. Начинот на кој ги враќаше моите удари беше феноменален и мислам дека имаше сила и за петти сет – додаде Мареј.

Мх.П.