Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 2-0 (6-3,6-4) во финалето од АТП турнирот во Лондон и се зацврсти на првото место на АТП листата. Мареј доминираше на историскиот „еден-два“ дуел во финалето не оставајќи му многу простор на Србинот кој направи премногу за него неизнудени грешки кои резултираа со пораз.

– Ми беше чест што имав можност да бидам дел од ова финале, Енди заслужено победи и тој е заслужено број еден тенисер во светот. Му посакувам него и на неговиот тим многу успех во наредната година – рече поразениот во финалето Новак Ѓоковиќ.

Енди Мареј за прв пат во својата кариера победи на финалниот турнир во Лондон и како рекет број 1 ќе ја заврши 2016 година.

-Ова е специјален ден за мене, претпрев доста порази од Новак, но денес сум среќен што победив, направив многу откажувања за да стигнам до овде. Јас и Новак сме среќни што имаме двајца огромни шампиони во нашите „ложи“ Штефан Едберг и Борис Бекер. Она што го направи Новак годинава освојуваќи ги гренд слем турнирите е нешто извондредно – рече Мареј.

OhridNews